Високи извори од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја потврдуваат информацијата за ТВ21 дека се во преговори со Движењето Беса за можна предизборна коалиција, и дека ќе биде договорено до крајот на неделава доколку се постигне истото.

„Веќе сме во преговори со Беса. Може да се очекува оваа недела да се знае дали има коалиција меѓу СДСМ и Беса, велат високи извори од СДСМ за ТВ21.

Извори од „Беса“, исто така, за ТВ21 во текот на денот изјавија дека предизборната коалиција меѓу нив и СДСМ се очекува да биде официјализирана до крајот на неделава и дека имало состаноци меѓу партиите во текот на викендот.

„Имаше интензивни состаноци во текот на викендот и сите детали се очекува да бидат завршени во текот на оваа недела. Претседателот Билал Касами ќе биде носител на списокот во Единицата 6, додека во другите изборни единици каде Албанците имаат движење Беса ќе има безбедни места за пратеници, изјавија извори од Беса за ТВ21.

Ниту една друга албанска партија не се очекува да биде дел од оваа коалиција, велат извори од Беса. Тие исто така тврдат за ТВ21 дека заминувањето на лидерот на Беса, Билал Касами во САД е поврзано со коалицијата што се очекува да биде направена.